ЦЕЛ СВЕТ ЗБОРУВА ЗА ПОТЕГОТ НА ХОЛАНЃАНЕЦОТ

За време на мечот, судијата дозна дека умрела мајка му, а потоа му пријде Ван Дајк... (ВИДЕО)

Капитенот на Холандија, Вирџил Ван Дајк, со еден сјаен гест го воодушеви фудбалскиот свет.

објавено: 20 ноември 2018 - 15:20

Феноменалниот дефанзивец на Ливерпул беше јунакот на Холандија во последното коло од Лигата на Нациите. Постигна гол во надополнувањето на времето за израмнување против Германија (2:2) и на тој начин на својот национален тим му донесе пласман на завршниот турнир.

Меѓутоа освен сјајната игра, Ван Дајк е во центарот на вниманието и поради еден друг, супер гест кој го направи после дуелот со „панцирите".
Имено, романскиот судија Овидиу Хатеган на полувремето дозна(л) дека починала неговата мајка. А кога мечот заврши Романецот не можеше да ги сокрие своите солзи.

Фудбалерите на двете репрезентации дознаа што се случува, а по псоледнито свиреж Ван Дајк вднаш му пријде на судијата и се обиде да го утеши.
Потег со кој го „купи" целиот фудбалски свет... 

Најново во Другата страна на спортот