И најмалата земја доби спортско друштво

Ватикан формираше атлетски клуб

Припадници на швајцарската гарда, но и свештеници, фармацевти и професори се дел од новиот спортски тим.

објавено: 11 јануари 2019 - 09:15

Најмалата независна држава во светот, Ватикан, која се простира на само 44 хектари пред Рим и има едвај 1000 жители, реши и го основаше своето прво спортско друштво.

Од вчера, Ватикан има свој атлетски клуб. Во истиот за почеток има околу 60 атлетичари, главно припадници на швајцарската гарда, но и свештеници, фармацевти и еден 62-годишен професор кој работи во ватиканската библиотека. 

Покрај тоа, Ватикан и Италијанскиот олимписки комитет потпишаа спогодба за основање на екипа која ќе биде дел и од Италијанската атлетска федерација.

Најново во Другата страна на спортот