УЖАС: Ќерката на легендарниот скијач се удави во базен

„Скршени сме. Нашата драга Еми вчера почина. Ни на сон не се надевавме дека ќе доживееме ваква болка. Нејзината љубов и дух никогаш нема да бидат заборавени“, напиша Боде Милер

објавено: 12 јуни 2018 - 11:45

Ненадејна трагедија му се случи на еден од најдобрите скијачи во историјата. Ќерката на Боде Милер се удави во базен. несреќниот настан се случил додека Боде и неговата сопруга биле на забава кај соседите. Малата 19-месечна Емелин Грир паднала во базенот, а кога ја извлекле, била мртва. 

„Скршени сме. Нашата драга Еми вчера почина. Ни на сон не се надевавме дека ќе доживееме ваква болка. Нејзината љубов и дух никогаш нема да бидат заборавени", напиша Боде Милер на Инстаграм.

Службено уште не е утврдена причината за смртта. Ова е втора голематрагедија која му се случи на Милер за само пет години. Во 2013 година почина неговиот брат Шелон, а Милер му го посвети бронзениот медал кој го осви на олимписките игри во Сочи во 2014 година. 

Емелин беше најмлада од четирите деца на Милер, кој ги има со три различни жени. 

Најново во Другата страна на спортот