СРПСКАТА ПОЛИЦИЈА ВО ПОЛН ПОГОН

Уапсени „торцидаши", кај нив пронајдени секири и палки, може да заглават во затвор од 30 до 60 дена!

Навивачите на Хајдук од Сплит кои на патот кон Софија дивееја на една бензинска пумпа во Србија, се уапсени од страна на српските органи на редот и мирот.

објавено: 3 август 2018 - 14:10

 

Од таму инфомираа дека на автопатот од Белград кон Загреб запреле околу 400 хрватски навивачи, а со детална контрла на навивачите и на нивните возила, полицијата пронашла поголема количина на дрвени и на метални палки, неколку секири и факли, како и помала количина на наркотици.

„Во полициските станици во Ниш и во Гроцка се спроведени 32 навивачи кои ќе добијат соодветни пријави од страна на српското МВР. Кај некои од нив е пронајдена стока која е украдена на една бнзинска пумпа, поточно цигари и алкохол. Поради дивеењето на бензинската станица кај истражниот судија ќе бидат приведени 28. навивачи, по неколку основи за кои е предвидена и затворска казна од 30 до 60 дена"- истакнаа од ова надлежно министертсво.

Инаку во повеќе српски мдиуми излегоа фотографии за дивеењето на хајдуковите хулигани. Оваа бензинска станица била пребоена со повеќе графити „Торцида Сплит", а на неколку места била напишана и усташката бројка"У".

Најново во Другата страна на спортот