ЉУБОВНА ПРИКАЗНА НА МАКЕДОНСКО-ЦРНОГОРСКИ КОШАРКАРСКИ НАЧИН

Титоград е тоа, љубовта победи! (ВИДЕО)

Нашиот перспективен кошаркарски судија Томи Панов,на еден класичен начин, во центарот на едно кафуле во Подгорица, ја побара Ивана Радиновиќ да му биде жена... И доби едно големо „ДА".

објавено: 1 октомври 2018 - 21:30

Дејствието на приказната е во центарот на Подгорица, во центарот на главниот град на Црна Гора, во кафулето кое го носи добро познатото име „Титоград".

А во главните улоги, нашиот перспективен кошаркарски судија Томи Панов, и неговата црногорска колешка, Ивана Радиновиќ.

Во полното со луѓе кафуле, на Томи не му посмета да направи малку простор, да клекне на колено, од џебот да извади едно кутивче, во него еден прстен, оној веренички. И да ја повика својата девојка, да му одговори на понудата, онаа класичната, да биде негова сопруга.

На општо воодушевување, првo на Томи, а потоа и на присутните во „Титоград", Ивана го кажа тоа судбоносното „ДА".

Па од пред некој ден, македонската кошарка доби „снашка", уште еден кошаркарски судија во развој.
Како што ни кажаа и двајцата продолжуваат кон својата цел – за некоја година да го зграбат и знакот на ФИБА.

Им честитаме, им посакуваме да успеат во тоа, и сето она друго што го замислиле! 

Најново во Другата страна на спортот