ПОТПИШАН ДОГОВОР, ПРОДОЛЖУВА ОДЛИЧНАТА СОРАБОТКА

„Тиквеш“ останува спонзор во Црвена Звезда

Пригодна свеченост денеска организираше Црвена Звезда, а по повод продолжување на соработката со компанијата „Тиквеш"

објавено: 30 ноември 2018 - 13:51

Договорот го потпишаа претседателот на Zвезда Небојша Човиќ и генералниот директор на компанијата Тиквеш, Радош Вукичевиќ.

Во името на компанијата „Тиквеш", Радош Вукичевиќ нагласи колку за нив значи соработката со Црвена ѕвезда, која веќе се покажа како успешна.

„Чест ни е да го поддржуваме легендарниот кошаркарски клуб Црвена Звезда и оваа година. Имаме исти амбиции, да бидеме регионален лидер и европски шампион. Сакам Звезда да го освои домашниот шампионат, АБА лигата и да оди во втората фаза на Еврокупот. Сакаме да се дружиме со шампиони и затоа сме тука", рече Вукичевиќ.

Првиот човек на „црвено-белите", Небојша Човиќ зборуваше со сличен тон.

„Минатата година, благодарение на СД Црвена звезда, започнавме повеќегодишна стратешка соработка, базирана на два клуба, ФК и КК Црвена ѕвезда. Оваа синергија на нашите брендови треба да има взаемна корист, ние ја имаме и благодарност на „Тиквеш" за соработката. Наша задача е да ја оправдаме оваа доверба, одговорно и со резултати, и да бидеме најдобри во нашите и во вашите полиња. Не треба да кажам многу за компанијата, мислам дека е еден од најдобрите во нивната област во која тие работат", рече Човиќ.

За Вукичевиќ и компанијата „Тиквеш", КК Црвена Звезда исто така подготвуваше подароци, маички и топки со потписи на сите играчи.

Најново во Другата страна на спортот