Момчето кое живее во Авганистан кој пред две годони стана популарен на социјалните мрежи, се наоѓа во голема опасност.
Малит Муртаза кој живее во еден зафрлен дел од оваа земја каде има талибански сили, е голем обожавател на Лионел Меси, и во една прилика кога со помош на неговиот брат направија дрес од најлон од популарниот Аргентинец.
Малиот Муртаза Ахамади постојано е во дресот на својот идол, но се соочи со проблеми откако неговиот брат Хомајун, сликите ги постави на Фејсбук.
Во таа прилика Меси му ја исполни желбата на младиот Авганистанец, а средбата беше навистина полна со емоции.
The image the world wanted to see. The six year old boy who dreamed of meeting his hero, #Messi, finally comes true. #FCBinDoha pic.twitter.com/58FWn17b9A
— Road to 2022 (@roadto2022) December 13, 2016
Сепак, сето тоа не испадна баш добро, особено по безбедоста на Муртаза, кој се најде на удар на Талибанците.
Тие веќе го бараат низ тој реон, и порачаа дека ќе го исечат на делови, откако од порано е јасно дека не толерираа фудбал и идоли. А често излегуваа симулации во кои му се сече главата на Меси.
Затоа, семејството на ова момче мораше да побегне, но во куќата остана оној стар дрес на Лео Меси, како и топката со неговиот потпис.
Прво се сокрија во една џамија, за на крајот да пристигнат во Кабул.
Во меѓувреме, Талибанците беа протерани од градот, ама семејтвото на Муртаза сеуште живее во страв.