ПОРАНЕШНИОТ ГЕРМАНСКИ ФУДБАЛЕР ОТКРИВА

СТРОГО ЧУВАНА ТАЈНА: Со помош на жената ги избегнувал тренинзите кои не ги сакал (ВИДЕО)

А поради ова никој не го „провалил"...

објавено: 7 декември 2018 - 17:30

Некогашниот германски репрезентативец Стефан кислинг откри еден интересен начин како да се избегнат напорните вежби во периодот на подготовките.
Иако беше најдобар стрелец во Бундеслигата, а неговиот тим секогаш при врвот, тоа не значи дека Кислинг бил некој „голем работники".
Сосема спротивно...

„Никогаш не работев со сто насто за време на тренинг или периодот на подготовките. Ниеднаш" - рече Кислинг.

Меѓутоа, неговата сопруга сакала да вежба и да ја одржува линијата, а податоците од своите тренинзи ги чувала. Момент кој совршено му одговарал на Стефан.

„Ќе ти дадат часовник кој ги мери отчукувањата на срцето и го чува цел тренинг. Со оглед на тоа дека мојата сопруга беше физички одлично подготвена, трчаше со тој мој часовник согласно со моите потреби. Работеше на тоа толку добро што никој не го забележи тоа"- појаснува Кислинг за „лажгата" која ја реализирал.

По завршувањето на кариерата, во својата 34.година, сега работи како помошник на Руди Фелер во спортскиот сектор на Баер од Леверкузе чиј дрес го носеше цели 12.години.

Најново во Другата страна на спортот