РОДНИНСКИТЕ ВРСКИ МОРА ДА СЕ ПОЧИТУВААТ

Стјепановиќ навиваше за Стјепановиќ (ФОТО)

Капитенот на Работнички Остоја Стјепановиќ не пропушти можност вечерва во салата „Борис Трајковски" да го бодри својот прв братучед Невен Стјепановиќ, инаку ракометар на Спортинг.

објавено: 8 ноември 2018 - 21:47

Малку чудно, но вечерва во салата „Борис Трајковски" семејството Стјепановиќ навиваше за Спортинг на ракометниот меч во Лигата на Шампионите против нашиот Металург. Но не е чудно ако се знае дека фудбалерот Остоја Стјепановиќ и ракометарот на тимот од Португалија Невен Стјепановиќ, се први братучеди. Секако дека тука беше и Миро Стјепановиќ, инаку некогашен претседател на ФК Македонија ЃП, кој не пропушти да го бодри својот внук.

Кога сме кај Невен да кажеме и тоа дека тој пред три сезони играше заедно со Наумче Мојсовски во Катар, во тимот на Ал – Духаил.

 

Најново во Другата страна на спортот