ПОТЕГОТ КОЈ ЈА ДИГНА СРБИЈА НА НОЗЕ

Швајцарија го прогласи двоглавиот орел на Шаќири и Џака за број еден

Албанскиот орел кој на Светското првенство го покжаа Гранит Џака и Џердан Шаќири е избран за збор или гестикулација на година во Швајцарија. 

објавено: 6 декември 2018 - 18:54

Гранит Џака и Џердан Шаќири се најзаслужни што српската репрезентација не успеа да ја мине групната фаза на СП во Русија. Србија имаше предност од 1-0, а потоа токму овој двоец на Швајцарија беше креатор на пресвртот. Двајцата фудбалери головите ги прославија со двоглавиот орел, симболот на албанското знаме. Овој потег ја дина цела Србија на нозе. Џака и Шаќири се извинија по мечот и заработија парична казна.

Иако на почетокот и од Швајцарија имаше негитвни коментари, сепак двоглавиот орел на крајот оваа земја го прогласи за гестикулација или збор за 2018 година.

„Тоа беше само емоција, за мене дуелот со Србија беше посебен. Илјадиници луѓе од Швајцарија, Косово и Албанија ми пишаа по овој меч, ова е за тие луѓе, бидејќи никогаш не ме напуштиле. Моите родители од Косово, затоа овие емоции беа посебни. Го носев знамето на Швајцарија и на Косово на моите копачки, но не од политички причини“, беше изјавата на Шаќири по мечот со Србија.

Иако сакаше да дојде со Ливерпул во Белград, сепак Јирген Клоп одлучи да не го земе, не сакаше дуелот со Црвена Звезда да добие политичка дименција.

За разлика од него Џака не збореше премногу, пред мечот најави „борба до последната капка пот“, а по победата испрати порака: Еве ти Србијо, порадо ова ме викаат Гранит Косово...

Најново во Другата страна на спортот