ДАЛИ КРИСТИЈАНО СЕ „КОЦКАЛ“ СО УГЛЕДОТВО „ГРАДОТ НА КОЦКАТА“

СЕ ПОЈАВИ СНИМКАТА НА РОНАЛДО ОД ЛАС ВЕГАС: Како изгледа(л) и како се однесува(л) ЦР7 по наводното силување (ВИДЕО)

Кристијано Роналдо се опушта во базаенот со ладна пијачка, а потоа заминува на масажа, непосредно откако, наводно, ја силувал извесната Кетрин Мајорга!

објавено: 11 октомври 2018 - 10:15

Се појави и снимката на која е „фатен" Кристијано Роналдо, направена на 13.јуни 2009 година во еден хотел во Лас Вегас, а поврзана со наводното силување кое славниот Португалец го извршил над извесната Кетрин Мајорга.

На снимениот материјал се гледа како Кристијано се опушта тој жежок ден во Невада. Односно, прво седи во базенот и пие освежителен пијалок, а подоцна оди на стол за масажа.
Роналдо демантира дека има било каква врска со наводното силување за кое е обвинет, а за тоа пишува(ше) и германскиот „Шпигл“, кој потврдува дека Роналдо и застапникот на Мајорга, на 12. јануари, 2010 година, потпишале спогодба по која Кетрин ќе добие 375.000 долари за да не биде покрената некоја правна процедура.
Меѓу документите, наводно, постои и еден медицински извештај во кој се наведува дека Роналдо не бил заразаен со ХИВ вирус. 

Најново во Другата страна на спортот