СТИГНАА ЛОШИ ВЕСТИ ЗА ПОРТУГАЛЕЦОТ ОД ЛАС ВЕГАС

Полицијата тврди: Имаме доволно докази против Роналдо

И натаму се води истрага против Кристијано Роналдо по обвинението за силување во 2009 година. 

објавено: 9 октомври 2018 - 22:39

Кристијано Роналдо, според зборови на Кетрин Мајорга, во Лас Вегас во 2009 година извршил силување. Поранешната манекенка неодамна го пријави португалскиот фудбалер, а полицијата тврди дека има доволно докази против него.

Во медиумите се шпекулира дека во изминатите осум години доказите исчезнале, но портпаролот на полицијата во Лас Вегас изјавил дека истите постојат.

„Тестовите кои тогаш биле извршени не се исчезнати, тие се во наша сопственост. Имаме доволно доказен материјал“, порачал портпаролот на полицијата.

Адвокатските тимови постојано се во контакт со полицијата, наскоро се очекува фудбалерот на Јувентус да дојде на сослушување. 

Најново во Другата страна на спортот