НЕГОВАТА СМРТ И ДЕНЕСКА НЕ Е РАЗЈАСНЕТА

Падна после ручекот и замина во вечноста, велат дека е семејно проклетство (ВИДЕО)

Иако поминаа 40 години, сеуште се зборува како од овој свет си замина можеби и најголемиот кунг-фу мајстор на сите времиња – Брус Ли!

објавено: 27 ноември 2018 - 13:00

На денешен ден во 1940 година е роден Ли Јун Фан, еден од најголемите мајстори на боречките спортови, многу попознат како Брус Ли.

И после 40 години, неговата смрт подеднакво ја интригира јавноста, а постојат и различни теории, како умре големиот мајстор на кунг-футо, пред се.
Брус ли умре во својата 32 година, во напонот на силата. Тогаш малку кој поверува во официјалните тврдења дека умрел од оток во мозокот поради лоша комбинација на лекови. Па веднаш почнаа да се вртат приказните дека го убиле Тријадите, мафијата, па дури и неговите противниците на теренот, пред се од завист!

Починал за време на ручекот со продуцентот Рејмонд Чоу и актерката од Тајван, Бети Тингпеј. Тие читале сценарио за новиот филм, „Игра на смртта", преговарале за условите на работење на тој проект. Во еден момент Ли рекол дека го боли главата, земал од лекот „екваџезик", комбинација на аспирин, и лекови за отпуштање на мускулите.
Подоцна обдукцијата покажала дека причина за смртта е оток во мозокот чија зафатнина се зголемила од 1.400 на 1.575 грама.
Момент по кој тргнаа разни верзии како светот остана без еден од најдобрите борци во историјата,
Меѓу оние урбани легенди за неговата смрт е и тоа дека е нарачано убиство од страна на мафијата од Хонг Конг, но и одложено дејство од удар познат како „допир на смртта".

Но ништо од тоа не е вистина, ако му поверуваме на новинарот Метју Поли, кој после неколку години истражување, и интервјуа со пријатели на Ли, открил дека го убил „тополотен удар".
Поминаа цели 45 години откако останавме без мајсторот но и актер, познат како еден од највлијателните во 20 век.

„Десет недели пред смртта, Брус Ли паднал исто како и во моментот кога беше однесен во болницата. Тој 10. мај во 1973 година, бил еден од најтоплите денови, а тој влегол во собата за снимање во која беше исклучен клима уредот Веднаш се 'прегреал' и се онесвестил. Дојде при себе, а потоа падна уште еднаш. Го префрлија во болница, а лекарите се посомневаа дека му отекол мозокот. И првиот колапс изгледа така – како случај на топлотен удар"- рече Поли за „Фокс Њуз" и додаде дека во тоа време се зборувале многу невистинити работи. "Дека го отруле, дека го средиле нинџите, дека некој го убил... Но нема докази дека некој нешто го оставил 'необјаснето'. Мојот заклучок е дека тоа е топлотен удар, чест убиец на млади спортисти".

Во својата книга Поли открива и тоа дека неколку месеци пред првиот колапс, Брус Ли ги отстранил потните жлезди под пазувите.

„Мислеше дека тоа изгледа лошо на ТВ екраните. А неговата работа беше да изгледа добро. Поради тоа потешко ја поднесуваше топлината"- напиша Поли.

Неговата смрт и понатаму е обвиена со дел од мистеријата!
Како причина за оваа тајновитост е настанато таканареченото "Проклетството Ли". Затоа што и неговиот син Брендон Ли, настрада сред сплет на несреќни околности додека го снимаше филмот „Гавран".

ЛЕГЕНДАРНИТЕ ИЗЈАВИ НА БРУС ЛИ
*Не се плашам од човек кој вежбал 10.000 удари еднаш, повеќе се плашам од човек кој еден удар го вежбал 10.000 пати
*Ако себеси си правите граници во се што работите, физички или на било кој друг начин, тие ќе влезат во секоја пора на вашата работ аи живот. Граници не постоја. Постојат само скалила на кои не смеете да се задржувате, туку морате да одите понатаму...
*Онака како размислуваш таков и ќе постанеш...
*Секогаш биди свој. Изрази ја својата личност Имај верба во самиот себе, немој да одиш надвор и да побараш некоја успешна личност за да ја копираш.

 

 

 

 

 

 

Најново во Другата страна на спортот