ГО ИСТЕРА ИГРАЧОТ СО ЦЕЛ МЕЧОТ ДА ПРОДОЛЖИ

Докторка од Романија е хит на фудбалските терени (Видео)

Една интересна ситуација се случи на дуелот од втората романска фудбалска лига помеѓу екипите на Петролул и Спортул Снагова (0:0).

објавено: 5 август 2018 - 13:30

Гостите со сите сили се обидуваа да сочуваат еден бод, па очекувано задржуваа и „крадеа" време што е можно повеќе.

Во самиот финиш од средбата на сцена стапи докторката на домашниот тим. Откако му укажуваше помош на противничкиот фудбалер на теренот, максимално го забрза неговото излегување од теренот со цел нејзиниот тим што побрзо да тргне во напад.

Но, се беше залудно од нејзина страна. До крајот остана без голови, но оваа докторка стана апсолутен хит и сигурно после овој интересен настап ќе стекне голема популарност.

Најново во Другата страна на спортот