ПОЛН КАКО „БРОД“, НО НЕ ПОРАДИ ФУДБАЛОТ

Ова е најбогатиот романски фудбалер

Најдобриот стрелец во романското првенство Георге Цукудан е најбогатиот активен фудбалер во Романија

објавено: 6 декември 2018 - 11:35

Некогашниот фудбалер на Стандард, Чарлтон, Динамо, а сега на Клуж не се збогатил толку многу од најважната споредна работа во светот, туку од наследството и преку фамилијарните бизниси. Имено, неговиот дедо Георге Козма има бројни успешни компании. Тој има хотел со пет ѕвездички, винарија од 80 хектари, спа центар, базен, земјоделски фирми и столарска фирма и сите му се успешни. Преку нив заработил 60 милиони евра само во 2018 година.

Затоа Цукадан може да си дозволи и „бесни" возила: Ферари 458 (200.000 евра), Ауди Р8 (150.000 евра), Порше панамера (130.000 евра), Мерцедес С купе (120.000 евра), БМВ Х6 (80.000 евра), Ренџ ровер (70.000 евра) и мотор Харли дејвидсон (20.000 евра).

 

Најново во Другата страна на спортот