МОДЕЛ, АКТЕРКА И ТВ ПРЕЗЕНТЕР

Од Русија со љубов - атрактивната Марија Лиман! (Фото)

Репрезентативците на Русија добиваат сè поголема поддршка од навивачите на Светското првенство.

објавено: 24 јуни 2018 - 15:21

Помеѓу фановите кој редовно ги следи руските фудбалери на Мундијалот е и атрактивната Марија Лиман.

На Инстаграм ја следат над 400.000 илјади обожаватели, овие денови го привлекува вниманието на домашните и светските медиуми.

Нејзиниот профил е богат со секси фотографии на кои позира со националните бои на Русија која после двете кола успеа да обезбеди пласман во осминафиналето откако триумфираше против Саудиска Арабија (5:0) и Египет (3:1).

Досега се сликаше во многу градови и на стадионите, па така 25-годишната Русинка влезе во конкуренција за најсекси навивачка на Мундијалот.

Таа е модел, актерка и телевизиски презентер, учествувала на бројни меѓународни натпреварувања, а пред три години беше дел и од магазинот „Плејбој". Нејзин омилен руски репрезентативец е Федор Смолов, фудбалерот на Краснодар.

Последниот меч од групната фаза за првото место избраниците на селекторот Черчесов ќе го имаат в понеделник во Самара против селекцијата на Уругвај.

Најново во Другата страна на спортот