ВЕЌЕ СИТЕ ЗНААТ ЗА НЕВЕРОЈАТНИОТ МАКЕДОНСКИ РЕПРЕЗЕНТАТИВЕЦ

НОВА ЅВЕЗДА Е РОДЕНА: Барди со гол од слободен удар за Ливерпул! (ФОТО+ВИДЕО)

Енис Барди и годинава го привлекува вниманието иако сезонава има само еден гол од слободен удар против Хетафе, но лани блескаше со многу повеќе во дресот на Леванте.

објавено: 8 ноември 2018 - 10:00

Македонскиот репрезентативец е вистински „специјалист" за слободни удари, во изминатиот период објавивме дека има најдобра реализација, а повеќе за тоа можете да прочитате ТУКА

ИСТО ТАКА ФАНТАСТИЧНИОТ ГОЛ СЕЗОНАВА ВО ПРИМЕРА ПРОТИВ ХЕТАФЕ МОЖЕТЕ ДА ГО ПОГЛЕДНЕТЕ ТУКА

Освен тоа, Барди е веќе ѕвезда и во најновата игра „ФИФА 19" која што е се популарна и луѓето ширум светот секако играат со нивните омилени клубови.

На Јутјуб „гејмер" ја избра екипата на Ливерпул, а во неа го има верувале или не Барди со кој ја сака титулата во Премиерлигата. Свесен и овој „гејмер" дека нова ѕвезда е родена кога станува збор за слободните удари, неговата вредност е 82 на „ФИФА 19", има доста пофалби за него и смета дека и понатаму ќе се развива...

Погледнете на 12:02 мин. еден прекрасен погодок од слободен удар што го потврди триумфот на Ливерпул против Фулам. Претходно имаше уште еден погодок во Премиерлигата на 08:10 мин. што го најави пресвртот на Редси.

Потоа, имаше уште еден меч против Саутемптон, стрелаше уште еднаш прекрасно на 19:30 мин. од видеото , нов погодок на 21:08 мин. и уште еден на 22:37 мин.

ШТО ДРУГО ДА СЕ КАЖЕ, ИГРАЈТЕ СО ЕНИС БАРДИ НА „ФИФА 19"...ЕДНОСТАВНО УЖИВАЈТЕ...

ГОЛОВИТЕ НА БАРДИ ЗА ЛИВЕРПУЛ НА (08:10, 12:02, 19:30, 21:08, 22:37 МИН.) ОД ВИДЕОТО

Најново во Другата страна на спортот