УШТЕ ЕДНАШ ХРВАТСКАТА „ЛАРИСА РИКЕЛМЕ" ВО АКЦИЈА

Нивес му испрати „жешка порака" на англискиот репрезентативец (ФОТО+ВИДЕО)

Познатата хрватска пејачка, понекогаш и актерка, па и писателка, со своите провокативни фотографии и интересни изјави за членовите на „Гордиот Албион" испрати „најава" за полуфиналната пресметка Хрватска-Англија...

објавено: 11 јули 2018 - 17:00

Згодната Нивес Целзиус ги заинтригира англиските новинари со објавата упатена кон нивниот репрезентативец Рубен Лофтус-Чик.

Хрватската убавица порача дека 22.годишниот репрезент на „Гордиот албион", е убедливо најзгодниот фудбалер на Мундијалот. Порача и тоа дека е премлад за неа, а потоа се осврна дури и на играта која ја презентираат англиските фудбалери.

„Уживам додека ја гледам Англија. Го забележав Рубен уште пред почетокот на првенството. И тоа беше 'љубов на прв поглед'. И затоа одлучив Англија да биде мој фаворит"- изјави неодамна Нивес за англискиот„Сан". „Тој е најслаткиот фудбалер на првенството. Единсвената маана му е што е премлад. Работам на тоа да најдам друго, згодно, духовито и паметно момче-спортист"- дополни сепак, хрватската старлета, како најдобра проценка за сите оние нејзини „атрибути".

Неодамна Нивес Целзиус упати и една видео порака до „огнените", а изјави дека најмногу од се би сакала Хрватска и Англија да се сретнат во финалето на Светскиот шампионат.

И желбата и се исполни, макар и половично... Вечерва од 20.часот играат Хрватска и Англија, но за место во големото финале каде од синоќа е Франција.  

Најново во Другата страна на спортот