ТОА Е ХЕРОЈОТ НА ШПАНИЈА

Надал во првите редови на спасувачи во поплавите на Мајорка (ВИДЕО+ФОТО)

Се откажа од настапот во Шангај за да им помага на загрозените сонародници...

објавено: 11 октомври 2018 - 08:30

Наместо во Шангај, на Мастерсот, Рафаел Надал е на Мајорка каде им помага на настраданите од незапаметените поплави кои се случија во овие предели на Шпанија.

Најмалку девет жители починаа, а преку 200 се повредени од страшните временски неприлики, предизвикани од силниот дожд над Балеарските острови, јави итната помош на тој регион наведувајќи дека спасувачки екипи се во потрага по исчезнатите лица.
Локалните власти наведоа дека 80 војници во седум војни возила на единицата за брзи интервенции стигнала како помош на стотте спасители кои работат во таа област.
Шпанската метереолошка агенција соопшти дека ноќеска паднале околу 22 сантиметри на дожд за временски период од четири часа.

А меѓу оние кои помагаат во одбраната од поплавата е и славниот шпански тенисер, Рафаел Надал.


Шпанецот не само што ги чисти улиците после големиот нанос на земја, туку во исто време ги отвори вратите на својата тениска академија.

Секако со една цел, како би ги примил сите оние чии домови се уништени за време на поплавите.

Секоја чест Рафаел!

 

 

 

 

Најново во Другата страна на спортот