ГОЛЕМ ИНЦИДЕНТ

МУ „ПУКНА“ ФИЛМОТ: Игита во стилот на Тајсон нокаутираше навивач! (Видео)

Поминаа над 20 години откако колумбискиот голман ја изведе легендарната „скорпија"...

објавено: 22 јули 2018 - 14:15

Познат и по ексцентричното однесување на теренот, но и надвор од него, прославениот Рене Игита не се смирува ниту во својата петта деценија.

Овој пат се најде во главна улога на пријателскиот натпревар помеѓу Америка Кали и Атлетико од Меделин во кој денес ја извршува функцијата на тренер на голманите.

Во моментот кога поминуваше покрај трибината, каде беа фановите на Америка, еден од навивачите влезе во конфликт и почна да го навредува Игита.

Тоа секако не му се допадна, па го дочека вистинскиот момент да го удри во стилот на боксерот Мајк Тајсон:

Најново во Другата страна на спортот