предизвикот прифатен, мисијата успешна

Марсело по стапките на синот, направи шоу со малите деца (Видео)

Откако синот на бразилскиот фудбалер направи „Предизвик Канта“ со играчите на Реал Мадрид, овојпат ѕвездата на мадриѓани истото го направи со децата кои се дел од школата на „кралскиот клуб“

објавено: 22 мај 2018 - 12:15

Марсело го прифати предизвикот што му го зададе синот со „Предизвик Канта“ и успеа истото да го повтори со децата кои се дел од школата на „кралскиот клуб“, а играат заедно со синот на бразилската ѕвезда. 

Во соблекувалната на Реал Мадрид, Марсело Јуниор успеа со топка со глава да ги проигра сите играчи на Реал Мадрид и на крајот да погоди во кантата, нешто што не може да им успее на многу професионални играчи. 

Сега дојде ред Марсело да го направи истото со соиграчите на неговиот син. Малите деца успеаа да ја контролираат топката, а ѕвездата на Реал на крајот да ја погоди кантата.  

Најново во Другата страна на спортот