СЛАВНИОТ АРГЕНТИНЕЦ ВО СЕРИОЗНИ ПРОБЛЕМИ

Марадона едвај оди, мора на итна операција на колената (ВИДЕО)

„Ел Пибе“ има сериозни проблеми со колената, поради тоа едвај се движи.

објавено: 19 октомври 2018 - 20:00

На снимката од тренингот на мексиканскиот второлигаш Дорадос, екипата која ја води славниот Аргентинец, се гледа убаво дека не може самостојно да се движи, туку дека ги придржува неговиот асистент.

Диего има тежок облик на артритис на двете колена, и ќе мора да оди, што е можни побрзо, на операција.

„Марадона нема рскавица помеѓу коските, бутната коска се наслонува директно на фибулата и тибијата, што е многу болно“- објасни докторот на легендарнито фудбалер, Херман Очоа.

Менаџерот на славниот „Ел Пибе“ пак вели дека тој ја плаќа цената на своето „однесување“: 

„Тој и понатаму верува дека има 20.години, а нема“... 

 

Најново во Другата страна на спортот