по победата над русија

Манџукиќ даде 3.500 евра за да ги почасти сограѓаните со пиво

Сите кои биле на тврдината во Славонски Брод и на отворено го следеле мечот, добиле пиво и тоа од играчот кој 120 минути трчаше и се бореше на теренот во Сочи

објавено: 9 јули 2018 - 08:00

Марио Манџукиќ дефинитивно е еден од најомилените луѓе во Славонски Брод. Ова место се гордее што може да се пофали со голгетерот на хрватската репрезентација. Дека и Манџукиќ не ги заборава своите сограѓани, се потврди и по победата на Хрватска против Русија, во четвртфиналето на Светското првенство.

Сите оние фанови кои биле излезени и на тврдината во Славонски Брод го следеле мечот, добиле гратис пиво да прослават за триумфот. Тоа пиво го платил никој друг, туку Манџукиќ. Напаѓачот кој 120 минути трчаше и се бореше на теренот во Сочи, не ги заборави своите сограѓани и ги почести со пиво. 

Тоа е потег не само на голем играч, туку и на голем човек, кој не ги заборава сите оние кои му дале поддршка и навивале за него. 

Најново во Другата страна на спортот