ОЧЕКУВАШЕ ПОВЕЌЕ

Лука Модриќ го разочара Бејл

Новогодишните празници се пред вратата на Реал Мадрид, а фудбалерите одлучија да разменат подароци. 

објавено: 22 декември 2018 - 10:40

Кралскиот тим денеска игра финале во Светското клупско првенство против Ал-Аин, но фудбалерите на Реал Мадрид најдоа време да ги отворат своите подароци. Сигурно, најсреќен беше Лука Модриќ, кој од своите соиграчи доби златна круна поради наградата за најдобар фудбалер во светот.

Но, големо разочарување можеше да се види на лицето на Гереј Бејл, кој од Модриќ доби топка за амерички фудбал...Тој му се заблагодари на својот соиграл, но на неговото лице можеше да се види дека очекувал многу повеќе.

Најново во Другата страна на спортот