НЕ БЕШЕ ТЕШКО ДА СЕ ПОГОДИ...

ЛИСТА НА ФОРБС: „Пари" пред сите!

Магазинот „Форбс" ја објави новата листа на најплатени спортисти на светот во последната година, а на првото место се наоѓа американскиот боксер Флојд Мејвејдер-Јуниор...

објавено: 7 јуни 2018 - 17:00

Минатиот август популарниот боксер наречен „пари" го победи Конор Мекгрегор во најскапиот меч во историјата на боксот, додека неговата заработувачка според пресметките на „Форбс" изнесува 285.миииони долари.

Во последните седум години ова е четвртто прво место за Мејведер-Јуниор на оваа листа.
Го следи ѕвездата на Барселона, Лионел Меси со 111.милиони долари, додека трет е неговиот најголем конкурент од редовите на Реал Мадрид, Кристијано Роналдо со заработка од 108 милиони долари.
Во последните две години Португалецот беше на чело на оваа колона на „богаташи", но сега мора да се задоволи со две места подолу во поредокот на овој популарен магазин.
Инаку, во првите десет се наооѓаат уште и Конор Мекгрегор (ММА, 99 милиони), Нејмар (ПСЖ, 90), Леброн Џејмс (Кливленд, 85.5), Роџер Федерер (тенис, 77.2), Стеф Кари Г Стејт, 76.9), Мет Рајан (Атланта Фалконс, 67.3), и Мет Стафорд (Детроит Лајонс, 59.5).
На листата, во оние први 100, нема ниту една жена. Најстар на 22. место е голферот Фил Микелсон (заработка од 41.3 милиони долари), додека најмлад милионер е грчкиот кошаркар од Милвоки Бакс, Јанис Адетокумпо, кој е на 30.позиција со заработени 35.5 милиони долари.

Најново во Другата страна на спортот