НОВ ХРВАТСКИ СРАМ

КРВАВ ХРВАТСКИ ДЕРБИ: Пожарникар остана без прсти (ВОЗНЕМИРУВАЧКО ФОТО+ВИДЕО)

Еден фудбалер на Хајдук бил погоден со парче бетон во пределот на главата

објавено: 30 септември 2018 - 13:00

Ужасни слики од Хрватска го обиколија светот

Во саботата навечер, на сплитскиот „Пољуд" беше одигран најголемиот дерби дуел во оваа земја, дуелот помеѓу Хајдук и Динамо. Меч кој ќе остане запаметен по слабата игра, и многу повеќе по жестоките нереди на стадионот.
Најогнените навивачи на Хајдук, членови на популарната „Торцида", во второто полувреме на теренот фрлија голем број на факли и топовски удари, а во таа прилика тешко настрада еден пожарникар. Несреќниот човек, во обидот од атлетската патека да го фрли топовскиот удар остана без прст, а оштетен му е и слухот.

„Видов како лежи на подот. Гледав неколку секунди и помислив. Не се активираше, и тоа е тоа. Ќе ја соберам и ќе ја фрлам во кутијата, Ја земав во рацете, направив неколку чекори, а некоја секунда пред да ја спуштам – експлодираше. Од тој момент веќе не се сеќавам на ништо. Бев толку збунет што до половина од патот до болницата ги имав кацигата и визирот на главата. Не знам дали и кој ме однесе" -зборуваше ранетиот пожарникар за хрватските медиуми.

Уште еден жесток инцидент го одбележи овој меч. Имено, фудбалерот на Хајдук Ада Дурксо,е погоден со парче од бетон во пределот на главата.

„Го имав тоа парче на бетон во рацеве, не е баш мало. Поради тоа накратко натпреварот беше прекина. Исто како и кога беа запалени факлите"- рече за „Јутарњи лист", Мирослав Марковиќ, шефот на безбедност на хрватската фудбалска федерација.

 

Најново во Другата страна на спортот