БЕНФИКА СНОСИ НЕСЕКОЈДНЕВНИ САНКЦИИ

КАЗНЕТИ СО 765 ЕВРА: Пуштиле „провокативна“ песна на разгласот

Фудбалскиот сојуз на Португалија го казни клубот од Лисабон со „симболична" сума на пари затоа што на нивниот стадион после победата над големиот ривал Порти, е емитирана песна која „се пушта' за време на борби на бикови.

објавено: 11 октомври 2018 - 16:30

Песната е „пуштена" во неделата навечер, на разгласот на стадионот „Ла Луж" во Лисабон веднаш по завршувањето на средбата и победата од (1:0) против Порто.

Фудбалскиот сојуз на Португалија соопшти дека со тоа Бенфика ги прекршила правилата, односно тоа не смееле да го направат „внатре" во стадионот.
Борбите на бикови во Португалија се сосема легализирани, но во нивните арени биковите не се убиваат, како што е тоа случајот во други земји, како на пример во соседна Шпанија.
Португалскиот весник „Рекорд" пренесува и еден детал, кој вели дека тренерот на Бенфика, Руи Виторија е познат љубител на борбите на бикови.

Најново во Другата страна на спортот