ИСТО ТАКА НЕ ОЧЕКУВА ГОЛ ОД БРАЗИЛЕЦОТ

Каков Нејмар, навивам за Црвена Звезда: Сораја го прогнозираше мечот со ПСЖ!

Таа посакува на крајот да слават „црвено-белите" во вторник на дуелот кој ќе стартува од 21:00 часот, иако ја поврзуваа со бразилската суперѕвезда...

објавено: 10 декември 2018 - 16:58

Популарната српска старлета Сораја Вучелиќ, за српските медиуми го предвидува конечниот епилог на натпреварот од шестото коло во Лигата на шампионите.

Претходно се пишуваше дека Нејмар и Сораја имаат љубовна афера, а исто така и се откри и нивната заедничка фотка на Ибица.

Сепак, пред доаѓањето на бразилскиот ас во Белград, по повод натпреварот против српската екипа, Сораја порача дека нејзиното срце ќе биде со Звезда, а од Нејмар не очекува гол.

„Нема да гледам, но знам за натпреварот. Секако, навивам за Црвена Звезда и верувам дека ќе биде задоволувачки резултат. Не се разбирам многу, но се надевам дека ќе биде 2:1 за Црвена Звезда. Од Нејмар не очекувам гол, иако никогаш не се знае, важно е да не биде пристрасен", порача Сораја за српскиот „Телеграф".

Се очекува и доаѓање околу 500 навивачи на францускиот клуб кои на денот на одигрувањето на мечот директно ќе одат кон стадионот.

За останува во Европа, на Црвена Звезда и е неопходна победа за третото место во групата Ц кое води во ЛЕ. Но, истовремено ќе бараат и триумф на Наполи среде „Енфилд" против тимот на Ливерпул. Во тој случај, во осминафиналето од ЛШ ќе се најдат Наполи и ПСЖ, третопласирани би биле Србите, а на дното „црвените".

Најново во Другата страна на спортот