ТОА Е ХИТ

Kако се полни стадион, секој навивач кој ќе дојде на мечот, добива влезница за стриптиз бар!

Челниците на ФК Гесендорф дојдоа до една необична идеа, како да привлечат поголем број на навивачи за куп-дуелот со Грацер.

објавено: 19 октомври 2018 - 14:00

Клубот кој се натпреварува во регионалната лига на Австрија, во среда, на 24.октомври, игра куп-натпревар против Грацер, па одлучија на неверојатен начин да ги наговорат навивачите да дојдат на нивниот натпревар.

Како што пренесуваат медиумите во Австрија, идејата на клубот е секој полнолетен навивач кој ќе купи карта за овој меч да го наградат со гратис-пијачка во локалниот стриптиз бар со име „Инкогнито".

Акцијата се појави на официјалниот Фејсбук профил на овој клуб. Но поради големиот број на навредливи коментари и критики, мораше да биде избришана.
Затоа сеуште е непознато дали „акцијата" ќе важи или не.
Општо е познато дека Грацер со себе секогаш води голем број на навивачи, па очигледно е дека некој од клубот одлучил малку и да заработи, затоа што се претпоставува дека сопственикот на клубот воедно е и „газда" на локалниот стриптиз бар.
Нема сомнение дека идејата е доста креативна, па може да биде и тоа како „применлива" и на некои други простори, надвор од Австрија.

Најново во Другата страна на спортот