ПО ЗАВРШУВАЊЕ НА МУНДИЈАЛОТ, ПОРТУГАЛЕЦОТ СЕ РЕЛАКСИРА

И Роналдо е на одмор во Грција

Втора година по ред Кристијано е на истото место кај нашиот јужен сосед

објавено: 6 јули 2018 - 18:38

По завршување со настапите на Светското првенство во Русија, Кристијано Роналдо реши дека е време да се одмори и релаксира. Најдобриот играч во светот, заедно со својата девојка Георгина и најстариот син Кристијано Јуниор, престојува во Грција. 

Роналдо е во југозападниот дел од полуосторвот Пелопонез, во местото Месиниа. Тоа е истото место каде Роналдо престојувал и минатата година во Грција, што значи дека му се допаднало.

Луксузниот ресорт Коста Наварино е местото за одмор на Роналдо и од таму го чека целиот развој на настаните околу неговиот евентуален трансфер во Јувентус.

Најново во Другата страна на спортот