КОЛУМБИЈЦИТЕ НЕМААТ ПОИМ ЗА ВАЈАРСТВО

И ФАЛКАО ДОБИ СТАТУА, ама не личи воопшто на него (ФОТО)

Напаѓачот на Монако Радамел Фалкао доби статуа во својот роден град, но веќе на прв поглед ќе ви стане јасно дека со неа и не е баш се како што треба. Не е ниту налик на колумбискиот голгетер...

објавено: 22 септември 2018 - 10:00

Скоро шест метри високата статуа на Радамел Фалкао во Санта Марта во Колумбија, требаше да биде знак на почитување и воодушевување кон сјајниот фудбалер. Во целост е бела, направена е во препознатливата поза во која Фалкао ги прославува своите голови.

За жал, статуата воопшто не личи на Радамел Фалкао.

А локалните медиуми се сетија за приказната, онаа за статуата на Кристијано Роналдо која мораше да биде заменета затоа што воопшто не личеше на Португалецот. Но наведоа дека во овој случај работите сеуште не се завршени, и дека е посебно нејасно дали е завршено „дотерувањето" на лицето на еден од најпознатите фудбалери во Колумбија.

Најново во Другата страна на спортот