СТРАШНИ МОМЕНТИ ВО ЗАГРЕБ

Хулигани го нападнаа седиштето на БББ, демолираа локал, а потоа следуваше филмска потера низ градот... (ВИДЕО)

Во самиот центар на хрватската престолнина се судриле двете навивачки групи...

објавено: 2 декември 2018 - 10:00

Според службените информации, дојавата за масовната тепачка и била јавена на полицијата некаде околу 09.40 часот, а единствената информација која се појави подоцна е дека дошло до судир на „неколку машки личности".

Според првите информации, навивачите на Хајдук, од популарната „Торцида", го нападнале седиштето на навивачката група на Динамо, попозната како „Бед Блу Бојс".
А судејќи според видеото, кое е снимено од анонимен читател од Хрватска, неколку навивачи на тимот од Сплит, со палки го нападнало „штабот' на „БББ". Со палките удирале по влезната врата, фрлале и шишиња, а побегнале откако се појавија нивните „колеги" од Загреб.
Подоцна за време на брканицата низ градот, полицијата ги уапсила, а според зборовите на очевидци, се било како во некој акциски филм.

Најново во Другата страна на спортот