ГОЛЕМ ДЕН Е ЗА ХРВАТСКА

Хрватската влада одржа седница во националните фудбалски „униформи“

Членовите на хрватската влада, предводени од премиерот, Андреј Пленковиќ, на денешната седница се појавија облечени во дресови на националниот фудбалски тим.

објавено: 12 јули 2018 - 13:53

На официјалниот твитер профил на хрватската Влада, беше објавено:

„Денес имаме посебна седница во Бански Двори. Во недела сме шампиони".

Хрватскиот тим синоќа ја совлада Англија на Светското првенство во Москва и влезе во финалналето каде во недела ќе се соочи со селекцијата на Франција,

Синоќа во Москва, „коцкестите" беа бодрени од премиерот Пленковиќ, претседателот на парламентот, Гордан Јандроковиќ и уште двајца министри. 

Најново во Другата страна на спортот