НЕ ПРЕСТАНУВААТ ШЕГИТЕ НА СМЕТКА НА БРАЗИЛЕЦОТ

Хит во светот: „Нејмар-предизвик“ на полувреме од фудбалски меч (Видео)

Погледнете како тоа го прават во Мексико

објавено: 11 јули 2018 - 16:30

Еден од најдобрите фудбалери во светот, Нејмар, ќе остане запамтен на Светското првенство како играч кој најмногу симулираше за фаули. По честите паѓања, симулација и тркалање по теренот, низ светот се појавија многу интересни видео клипови кои се за потсмев за Роналдо. 

Најинвентивни беа Мексиканците од тимот на Тихуана. На полувреме од мечот, беше организиран натпревар во таканаречен „Нејмар-предизвик“. Победник во овој натпревар беше оној кој најбрзо ќе се „стркала“ од средината на теренот кон шеснаесетникот.  

Најново во Другата страна на спортот