летаа јајца и расфрлано брашно

Хаос на тренингот на Бразил: Не се знаеше кој кого брка (Фото)

Бразилската репрезентација пристигна во Русија и веднаш го предизвика вниманието на светската јавност. Филип Кутињо денеска полни 26 години, а соиграчите од репрезентацијата решија да му го честитаат со традиционален бразилски обичај.

Адетот е славеникот да помине покрај пријателите, а тие го посипуваат со брашно и со свежо скршено јајце. Кутињо го испочитува адетот, а потоа се случи хаос, кога сите играчи почнаа да се бркаат и да фрлаат еден на друг со јајца и брашно. Очигледно е дека Бразилците одлично се забавуваат по првите денови откако пристигнаа во Русија. 

објавено: 12 јуни 2018 - 13:30

Најново во Другата страна на спортот