ДОДЕКА МЕКГРЕГОР СЕ „ЛЕКУВА" ВО РАСКОШ

Хабиб седи на пластични столчиња, и спие на метален кревет (ВИДЕО)

УФЦ борецот Хабиб Нурмагомедов убедливо го победи Конор Мегрегор во „мечот на векот" кој заврши скандалозно, со тепачка надвор од „октагонот".

објавено: 9 октомври 2018 - 11:30

И за полесно да го преболи поразот, „Лудиот Ирец" побара спас во својата вила во Марбеља, која ја купи летоска, и вреди неколку милиони долари.

А за разлика од него, скромниот Русин прославата на големата победа, најголемата во неговата кариера ќе ја има во кругот на неговото семејство
Хабиб се гордее со својата куќа која се наоѓа во неговото родно село Силди, на врвот на една планина во Дагестан.

Очигледно, Нурмагомедов ужива во својата скромност, и по видеата кои се појавија на социјалните мрежи, се гледа деа во оваа куќичка, креветите се метални а столовите за седење од пластика.
Единствениот момент за кој може да се опише дека е спектакуларен е погледот од прозорецот кој се прикажува во далечината, и без сомнение би бил вистинска инспирација за многу уметници.
Ако не верувате во тоа, погледнето го видеото... 

 
 
 
View this post on Instagram

My village Sildi. Моё родовое село Сильди. #село #родня

A post shared by Khabib Nurmagomedov (@khabib_nurmagomedov) onJun 27, 2018 at 11:05pm PDT

Најново во Другата страна на спортот