ПОРАНЕШНАТА СОПРУГА НА ЏЕМАИЛИ ВО „АКЦИЈА"

Го остави Блерим дека не бил „добар", сега испраќа нови „провокации" (ВИДЕО)

Ерјона Сулејмани е поранешна сопруга на репрезентативецот на Швајцарија, а пред некој ден одново ги запали социјалните мрежи со провокативен стајлинг за „Ноќта на вештерките"...

објавено: 2 ноември 2018 - 22:37

Ерјона изгледаше као вистинска „Плејбој-зајачица" и со својата појава по којзнае кој пат ги „отвори чувствата" кај машката популација, не само фудбалската.

Слободното однесување на оваа убава Албанка, е една од причините поради која Блерим Џемаил пред крајот на минатата година побара развод.
Ерјона беше учесник на едно реалити шоу во кој жените на фудбалерите ги откриваат тајните на своите гламурозни животи. А Ерјона зборувала и повеќе „од што треба".
Имено рекла дека сексот со нејзиниот маж е онака „без врска".

„Фудбалерите секако не се нешто посебно во креветот. Сето 'она' си го прават самите, изгледа дека така сакаат повеќе"- изјавила таа.

Зборови по кои Блерим веднаш поднел документи за прекин на бракот и побарал старателство над детето затоа што смета дека манекенката не е добра мајка.

Најново во Другата страна на спортот