ЗАСТРАШУВАЧКА ВЕЧЕР НА ПОЛСКИОТ НАПАЃАЧ

Го начекаа пред домот и му вперија пиштол во главата...

Наполи го победи Ливерпул со 1:0, а Аркадиуш Милик беше еден од актерите на натпреварот

објавено: 4 октомври 2018 - 12:06

Полскиот напаѓач со соиграчите ја славеше победата над англискиот тим, а од „Сан Паоло" се упатил дома но бил пресретнат од двајца криминалци. Еден од нив му вперил пиштол во главата и му наредил да му ги предаде парите, накитот вклучувајќи го и скапиот часовник Ролекс Дејтона. Ограбувачите со мотори избегале од местото, а Милик го пријавил случајот во полиција.

Најново во Другата страна на спортот