СЕ СЛУЧУВА И ТОА, ДУРИ И ВО НОРВЕШКА

Фудбалер ја исфрли топката во аут, а потоа цело село остана без струја!? (ВИДЕО)

Неверојатен момент се случи во рамките на еден натпревар од петата лига на норвешкиот фудбал.

објавено: 11 октомври 2018 - 10:40

Домашниот Селбак играше против Вестфосен и губеше со убедливи (0:5) кога мечот, сосема нечекувано, мораше да биде прекинат.

Фудбалерот на домашниот тим Јонас Александер одлучи да ја исфрли топката во аут, во обид да ја отстрани опасноста пред својот шеснаесетник.
Меѓутоа топката отиде во сосема погрешна насока, и го погоди струјниот вод кој се наоѓа покрај теренот, и притоа ги скина струјните жии.
Потоа, им беа потребни неколку сала на работниците од електро-дистрибуцијата за да ја поправат штетата, а за тоа време целото село остана без струјно напојување.

Најново во Другата страна на спортот