ВО ЧЕСТ НА ЗАГИНАТИОТ СОПСТВЕНИК НА КЛУБОТ

Фондацијата Лестер ќе го носи името на Вишај

Фондацијата на фудбалскиот клуб Лестер од сега ќе го носи името по Вишај Шриваданапрабха, неодамна починатиот сопственик на „лисиците"...

објавено: 7 ноември 2018 - 11:00

Вишај го загуби животот во падот на хеликоптерот пред стадионот „Кинг Пауер" по завршувањето на средбата помеѓу Лестер и Вест Хем пред десет дена.
Голем број на луѓе му оддаде почест на Вишај, а менаџерот Клод Пуел, играчите и другиот персонал на клубот, отпатуваа во Банкок на погребот кој почна во саботата. Тие би требало да се вратат во Лестер во текот на денот, затоа што во Тајланд се упатија веднаш по триумфот во Кардиф што им беше прв натпревар после трагедијата во која останаа без сопственикот на клубот.

Од основањето, во 2011 година, па се досега, фондацијата собра скоро два милиони фунти. А од тие средства е финансирана обновата на детската амбуланта во кралската болница во Лестер, како и опрема за интензивна нега.
Инаку, од своите пари, Шриваданапрабха донираше преку четири милиони фунти на универзитетите, болниците и хуманитарните организации во Лестер.
Голем број на работи ќе се најдат на аукцијата за собирање на пари за Фондацијата, вклучително и место во ложата на Џејми Варди на саботниот натпревар со Барнли.
На аукцијата ќе бидат ставени и копачките кои Варди ги носеше на гостувањето во Кардиф, како и ракавиците на голманот Каспер Шмајхел.

Најново во Другата страна на спортот