МНОГУМИНА СЕ ПРАШУВАА, ОДГОВОРОТ Е ЕДНОСТАВЕН

Еве зошто Јапонците ги чистат трибините и соблекувалните по секој меч (ВИДЕО)

Јапонците беа на чекор до сензација, во осминафиналето против Белгија имаа водство од 2-0 до 52. минута, но на крајот загубија со 3:2. 

објавено: 5 јули 2018 - 21:40

Фудбалерите и фановите од оваа земја после секој натпревар го воодушевуваа светот со својата култура. По поразот од Белгија во осминафиналето, додека играчите со солзи на очите им ја честитаа победа на Белгијците, навивачите на трибините исто плачејќи го собираа сметот што го направија за време на мечот.

Но, ова не беше единственото изненедување. Ништо поразлично од нив не се ниту фудбалерите, на социјалните мрежи излезе фотографија од соблекувалната на Јапонија. Репрезентативците ја исчистија по мечот, исто како никој да не ја користел.

Многумина се прашуваат зошто го прават тоа, одговорот е во начинот на нивното школување. Јапонците од мали нозе чистат во училиште, не само подот туку и тоалетите и тоа со прибор за одржување на хигиена од дома. 

 

Најново во Другата страна на спортот