НА „САНТИЈАГО БЕРНАБЕУ“ НЕ Е ИСТО КАКО ЛАНИ

Ефектот на Роналдо во Реал Мадрид

По заминувањето на Кристијано Роналдо, Реал Мадрид и натаму не може да се опорави. 

објавено: 16 декември 2018 - 13:00

Кристијано Роналдо девет години го носеше дресот на Реал Мадрид, постана бренд, заштитен знак на „кралевите“. Додека играше за шпанскиот тим трибините постојано се полнеа.

Неговото заминување веднаш се почувствува и во играта и на резултатите, а најмногу на посетеноста на мечевите. Против Рајо Валјекано имаше само 55.229 гледачи, што е 68% од вкупниот капацитет на „Сантијаго Бернабеу“, на кој во најдобар случај може да има 81.044 фанови.

Ова е трета најлоша посетеност, помалку луѓе на трибните имаше против Мелила во Купот (55.243) и против ЦСКА во Лига на шампиони (51.636).

Од натпревари кои Реал ги одигра оваа сезона, стадионот само еднаш ја мина бројката од 70.000 гледачи или 70% од вкупниот капацитет.

Покрај Роналдо, „Марка“ како причина за слабата посетеност ја наведува слабата игра на Реал, промената на тренерот, цените на билетите, како и недостигот на ѕвезди.

Кога Роналдо си замина од Мадрид, на дуелот со Гетафе имаше 48.466 фанови, најмала бројка од мај 2009 година.

Мечевите од Ла Лига и Лигата на шампионите оваа сезона се далеку помалку посетени од лани, кога во групната фаза против АПЕЛ, Тотенхме и Борусија на „Сантијаго Бернабеу“ имаше над 70.000 фанови, овој пат против Рома, Плзен и ЦСКА ниту еднаш ја немаше истата бројка.

 

Најново во Другата страна на спортот