РАЗГОВОРОТ СО НЕЈЗИНАТА МАЈКА ОТКРИЛ СЕ

Дури и „несакајќи", Марија помогнала да се „исперат" три милиони евра!?

Марија Богојевска, единствената жена уапсена во најголемата меѓународна полициска акција под името „чисти раце", поради малверзации во фудбалот, имала значајна улога во разобличувањето и апсењата на сомнителните, затоа што во еден телефонски разговор со својата мајка, се пожалила дека нејзиното момче, менаџерот Дејан Вељковиќ, „пере пари".

објавено: 23 октомври 2018 - 13:01

Како што објавија белгиските медиуми, за време на собирањето на докази, полицијата го снимила нејзиниот телефонски разговор во кој разоткрила како обвинетите се обидувале да ги сокријат нелегално заработените милиони од трансферите на играчите.

„Утврдено е дека Дејан Вељковиќ, соработник на поранешниот фудбалер, Матеја Кежман, во декември минатата година, ја замолил својата девојка да отвори сметка во Белград во на свое име во една банка, и на истио да префрли скоро три милиони евра. Меѓутоа во еден разговор, кој во месец март оваа година го водела со својата мајка, таа, покрај другото, рекла: „Мамо, Дејан ја користи мојата сметка за перење на пари" – открија изворите кои ја водат истрагата.

Наводно, Вељковиќ, кој е означен како организатор на криминалната група, и рекол дека ќе отвори сметки во Србија за да може да им испраќа пари на своите родители.

„Сеуште се проверуваат сите трансакции од и кон овие сметки. Засега постојат докази дека на истите овластување имал и Урош Јанковиќ, најблизок пријател и соработник на Матеја Кежман"- наведува истиот извор за „Курир“.

Инаку, на мета на оваа голема акција, покрај овој двоец се најде и поранешниот македонски фудбалер, Драган Силјановски.
Белгиските истражни органи откриваат дека акцијата не е завршена, како и тоа дека ќе има нови апсења.

ФОТО: Фејсбук

Најново во Другата страна на спортот