МАЛ ЈУБИЛЕЈ ЗА ГОЛЕМИОТ СПОРТСКИ ОБЈЕКТ ВО СКОПЈЕ

Десет години Арена „Борис Трајковски: Се почна со „глобтротерите" (ФОТО)

22 мај, 2008 година, ќе остане запаметен кај македонската спортска јавност по една убава работа.

објавено: 22 мај 2018 - 21:00

Имено, пред точно десет години, во Скопје беше отворен еден сосема нов, модерен спортски објект, кој тогаш беше крстен како Спортски центар „Борис Трајковски".

Отворањето на овој објект, кој му беше вистинска неопходност на спортско Скопје, беше вистински спектакл. На теренот се појавија припадниците на едно големо кошаркарско движење наречено „Харлем Глобтротерс".

Беше вистинска привилегија пред десет годни да се дојде до влезен билет за тој навистина несекојдневен настан.

И ете, лека, полека, помина цела една деценија... СЦ „Борис Трајковски" сега ребрендиран во ВИП Арена „Борис Трајковски" исттурка десет години успешно работење, функционирање, се во служба на спортот, оној македонскиот...

Фото: Петр Стојановски

Најново во Другата страна на спортот