БУГАРИНОТ ГО ОДБРА ОХРИД

„Човекот-амфибија" ќе урива Гинисов рекорд на Охридското езеро

Извесен Јане Петков, попознат по прекарот „Човек-амфибија", деновиве во Охрид се подготвува за да реализира нов Гинисов светски рекорд.

објавено: 20 јули 2018 - 11:40

Обидот на Петков да го реализира тоа ќе биде на 24 јули, кога „амфибијата" од Сандански ќе плива со заврзани раце и нозе (со лисици) и спакуван во вреќа.

Тогаш Петков се надева дека ќе исплива повеќе од актуелниот рекордер Гопал Кадри кој има резултат од 3.071 метри поставен во водите на Индискиот Океан.
Но овој Индиец-авантурист пливал само со лисици и не беше ставен во вреќа.
„Човекот амфибија" вели дека е во добра здравствена состојба и работи многу напорно. Пред два дена Петков го направил и досега најсериозниот тест. Пливал на Охридското Езеро околу 2.500 метри, ги поминал за два часа колку што и траела тренинг-сесијата.

Сепак, неговиот тим е помалку загрижен од студената вода во езерото, затоа што во изминатиот период температурата се движела од 18 до 20 Целзиусови степени.
Од таа причина Петков и ги реализирал овие подготовки многу порано од предвидениот временски период, се со цел добро прилагодување на ниската температура.

Најново во Другата страна на спортот