СТАНУВА ЗБОР ЗА ЕДНО ПЕТГОДИШНО ДЕТЕ

ЧЕЧЕНСКИ ШВАРЦЕНЕГЕР: Рахим направи 4.105 склека за 146 минути (ВИДЕО)

Рекордот му го посвети на лидерот Разман Кадиров...

објавено: 15 ноември 2018 - 17:50

Рахим Куриев не е обично петгодишно дете од Чеченија, напротив...
Додека поголем дел од неговите врсници сеуште гледаат цртани филмови, или трчаат по топка, тој тренира, и тоа напорно.

Важи за вистинска атракција на многубројните спортски натпреварувања. На еден од нив постигна неверојатен рекорд. Рахим успеа да направи 4.105 склекови за 146 минути, и да го урне рекордот кој му го посвети на лидерот на Чеченија, Рамзан Кадиров.
Момчето веднаш го нарекоа „Чеченски Шварценегер", и тоа со право.
Петгодишниот Рахим тренира заедно со својот татко во нивниот стан. Најчесто вежба склекови, прави „шпаги" и „стои на раце"... 

Најново во Другата страна на спортот