БОСАНЦИТЕ ОГОРЧЕНИ ОД ОДНОСОТ НА СВОЈОТ РЕПРЕЗЕНТАТИВЕЦ

„Бубачките“ во глава на Огњен Врањеш

Босанскиот напаѓач на тапет поради спорна тетоважа на Момчило Ѓујиќ и поддршка на хулиганизмот

објавено: 2 декември 2018 - 18:14

Огњен Врањеш, босанскиот репрезентативец од Андерлехт се најде на удар на јавноста поради својата тетоважа и поради коментарот на социјалните мрежи околу мечот меѓу АЕК и Ајакс. Врањеш кој одигра 39 натпревари за БиХ, на десната рака го истетовирал ликот на Момчило Ѓујиќ, српскиот православен свештеник и четнички војвода кој соработувал со нацистите во текот на Втората светска војна и е одговорен за смртта на преку 1.500 луѓе.

Од Андерлехт го предадоа фудбалерот на дисциплинската комисија која ќе му одреди казна за коментарите на социјалните мрежи. Поранешниот фудбалер на АЕК ги величи навивачите на атинскиот клуб. На фотографијата на навивач кој фрла молотов коктел кон навивачите на Ајакс напишал „Добредојдовте во пеколот".

Огњен Врањеш го губи компасот. Во септември во Грција беше осуден на осум месеци условна затворска казна поради поттика на хулиганизмот преку социјалните мрежи. Сепак, тој не застана тука, продолжи да ги поддржува маскираните хулигани на својот поранешен клуб АЕК. Што ќе направи Андерлехт со него, не е јасно...", велат Белгијците.

Од друга страна од ФС на БиХ остро реагираа на однесувањето на својот играч.
Остро и безрезервно го осудуваме шокантното однесување на репрезентативецот Огњен Врањеш, затоа што неговите пораки, без оглед на кои начин се изразени, не се духот на вредносите за кои се залага НС/ФС на БиХ и не претставува особина на истакнат спортист кој треба да биде примир кон помладите генерации. Приоритет на секој вистински спортист треба да биде борбата против расизмот, дискриминацијата, насилството, говорот на омраза, па така НС/ФС на БиХ очекува сите репрезентативци да бидат носители на овие напредни идеи", соопштија од НС/ФС на БиХ.

Ова не му е единствениот инцидент на некогашниот стопер на Црвена Звезда. Во 2015 година на телото ги истетовирал границите на Република Српска, а по голема расправија во јавноста тетоважата ја прецртал и на нејзиното место ставил тетоважа на часовник.

 

Најново во Другата страна на спортот