НЕКОГАШНИОТ РУСКИОТ АС СЕ ИЗБРУКА

Аршавин „фатен“ во афера (видео)

Поранешниот фудбалер на Зенит и на Арсенал е снимен во прегратка на две девојки кои ги кани да ги прошета со коњ до хотелот

објавено: 21 декември 2018 - 17:00

Андреј Аршавин повторно е на насловните страници на руските медиуми, но не поради своите фудбалски дејности, туку поради своите испади надвор од терените. Поранешниот руски фудбалски ас бил виден како излегува од елитен стриптиз клуб во Санкт Петербург во друштво на две девојки кои ги кани да „се качат на неговиот коњ" (во буквален смисол). Русинот се гушкал со две од нив, а им рекол да ги прошета со својот коњ до хотелот и за тоа ќе им плати.
Една од нив е 26-годишна девојка Карина Неман, професија стјуардеса која често споделува снимки од личниот живот на „Инстаграм".
Самиот Аршавин одбива да ги коментира снимките, а сопругата ги избришала сите профили на социјалните мрежи. Таа во минатото два пати го „фатила" Аршавин како ја изневерува.

 

Најново во Другата страна на спортот