СКОТИ ПИПЕН ЗА НЕВЕРОЈАТНАТА ПАРТИЈА НА„НЕГОВОТО ВЕЛИЧЕСТВО“

Ако тој можеше да ме носи 11 години, можам и јас него... (ВИДЕО)

Финалето на НБА лигата во 1997 година, петиот меч помеѓу Чикаго и Јута. Дваесет години подоцна и понатаму се прераскажува партијата на Мајкл Џордан во натпреварот кој за многумина и понатаму е вистинска мистерија.

објавено: 12 јуни 2018 - 21:15

Никој не знае колку навистина се чувствувал Мајкл Џордан на тој натпревар. Но забележливо беше дека е болен.
Неговиот долгогодишен соиграч, Скоти Пипен, при едно гостување во ЕСП се потсети на легендарната сцена, кога по завршувањето на мечот му помагаше на „Ем-Џеј" да излезе од теренот.

„Не ми беше тешко, тој мене ме носеше цели 11 години" - шеговито опиша Пипин.

Но додаде дека во одделни моменти од играта на тој натпревар, Мајкл едноставно не бил при себе.

„Почувствував дека Мајкл не знае каде се наоѓа. Не знаеше што работи, ниту пак што се случува. Веројатно поради тоа што беше под дејство на лековите"- објаснува Пипен.

Чикаго триумфираше во тој дуел (90:88), заедно со 38. поени на Џордан, дополнети со уште седум скока и пет асистенции
Се друго е историја!

 

Најново во Другата страна на спортот