НЕВЕРОЈАТЕН Е ПЛАНОТ НА СТАРЛЕТАТА

Ако Хрватска стане светски првак, Нивес Целзиус ќе се жртвува како никогаш до сега

Популарната девојка вели дека доколку „коцкестите“ триумфираат на Мундијалот, таа до крајот на годината ќе биде целосно облечена што е некаректеристично за нејзе

објавено: 28 јуни 2018 - 18:41

Една од најатрактивните навивачки на хрватската репрезентација, популарната Нивес Целзиус, откри дека има неверојатен план, доколку „коцкестите“ триумфираат на Светското првенство во Русија. 

„Ако Хрватска победи, ќе се жртвувам и до крајот на годината ќе бидам целосно облечена, дури и за време на големите жештини во летото кое следува. Мислам дека сепак тоа е најголемата жртва која можам да ја направам“, рече Нивес Целзиус за „Блиц“. 

Нивес која е позната по своите провокативни фотографии, има еден пропаднат „фудбалски“ брак. таа беше мажена за Дино Дрпиќ. Хрватска засега игра одлично на Мундијалот во Русија. „Коцкестите“ во групната фаза завршија со максимални 9 бода од три меча. Сега следува нокаут фазата, каде прв предизвик за Хрватска е селекцијата на Данска. 

Најново во Другата страна на спортот